30+ години искуство и експертиза

Дигитален партнер за вашиот бизнис

Визија

Да бидеме водечки All-in-One дигитален партнер во Македонија и регионот.
Преку иновации и стручност, ги поддржуваме бизнисите на нашите клиенти да напредуваат и да го подигнат нивото на дигиталното присуство.
Секое наше решение е насочено кон трајни резултати и одржлив раст.

Мисија

Да го подигнеме вашиот бренд преку комплетни дигитални решенија и квалитетно веб присуство.
Од хостинг, домени и веб страни до e-commerce решенија и техничка поддршка – сè на едно место.
Создаваме долгорочни решенија што носат видливи и реални резултати.
Ги комбинираме знаењето, експертизата и иновациите за да го направиме дигиталниот пат на вашиот бизнис лесен и успешен.

Историја

Формиран во 1995 година како прв интернет провајдер во Македонија, UNET е пионер во македонскиот интернет простор и дигиталните услуги.
Од првата интернет конекција до All-in-One решенија, ја градиме дигиталната иднина на компаниите.
Со сопствен Data Center и тим од искусни професионалци, нашите услуги се карактеризираат со безбедност, стабилност, квалитет и прилагоденост на потребите на клиентот.
Традицијата од 30+ години ја гради довербата и репутацијата кај нашите клиенти, гарантирајќи дека секој проект ќе донесе реални резултати.
Од 1995 до денес, UNET е лидер во дигиталната трансформација во Македонија.

Нашите најзначајни достигнувања вклучуваат:

Прва интернет конекција во Македонија Прв регистриран македонски домен (.mk) Прв македонски интернет пребарувач Прва македонска веб страна Прво решение за образование на далечина Прво e-banking решение Прв e-commerce веб портал Прв македонски ISP со сертификат за ISO 9001:2000 Прв Cloud Computing провајдер Регистрар на националниот домен .mk

Секое достигнување ја потврдува нашата лидерска позиција и посветеност кон иновации и квалитет. Со сопствен Data Center и тим од искусни професионалци, UNET нуди трајни, сигурни и ефективни дигитални решенија.