Дата центарот на UNET е лоциран во Скопје, што овозможува брз пристап до локалната интернет инфраструктура и сигурна услуга за клиентите од Македонија и регионот. Дата центарот на UNET е опремен со најсовремена инфраструктура составена од сервери и storage системи од последната генерација. Целата инфраструктура е дизајнирана и изградена согласно најновите стандарди за модерни дата центри, со фокус на висока достапност, сигурност и перформанси. Јадрото на cloud инфраструктурата е изградено врз современи Lenovo enterprise сервери, кои обезбедуваат висока стабилност, скалабилност и можност за обработка на големи количини податоци. Виртуелизацијата е реализирана преку VMware vSphere Enterprise Plus инфраструктура, што овозможува оптимално искористување на ресурсите, брзо распоредување на виртуелни сервери и висока достапност на сервисите. Безбедноста на системите е обезбедена преку напредни firewall решенија кои го контролираат пристапот до секој сегмент од cloud инфраструктурата. Со примена на современи безбедносни политики и мрежни сегментации, се обезбедува контролиран и безбеден пристап до серверите, апликациите и податоците на клиентите. Сигурноста на податоците е еден од најважните приоритети во инфраструктурата на UNET. За таа цел се користи enterprise software за управување со податоци и резервни копии. Податоците се заштитени преку повеќеслојна backup стратегија која вклучува складирање на резервни копии на storage системи, архивирање на ленти (tape backup) и дефинирани Disaster Recovery (DR) процедури, кои овозможуваат брзо враќање на системите во случај на инцидент. Дата центарот е опремен со систем за непрекинато напојување со електрична енергија кој вклучува UPS системи и дизел агрегат од последна генерација, што овозможува стабилна работа на инфраструктурата 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Дополнително, просторијата е опремена со професионални системи за климатизација и контрола на температурата, кои обезбедуваат оптимални услови за работа на серверската опрема.