НАПОМЕНА:
Регистрантот е должен за настаната промена на податокот, кој се запишува во Регистарот, во рок од 8 дена по писмен или електронски пат да го извести регистрарот преку кој е регистриран доменот од адреса на електронска пошта на регистрантот запишана во Регистарот.
Регистрантот сноси одговарност за евентуална повреда на интелектуалната сопственост (авторско право, индустриска сопственост и друга заштита согласно со прописите кои ја регулираат оваа материја), како и за секоја штета настаната како резултат на таква повреда, а која произлегува од покренување постапка за регистрација на домен или употреба на домен.
Регистрантот одговара за точноста на податоците во барањето и за веродостојноста на приложената документација кон барањето.
*Барањето за регистрација на домен може да се пополни електронски со користење на Adobe Reader.