За да се регистрира доменот, неопходно е техничко поставување на именските опслужувачи на Domain Name Server (DNS).
Називот на .mk доменот потребно е да ги содржи следните елементи и да ги исполнува следниве услови:
се состои од букви од англиската абецеда (при тоа не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0 до 9 и знакот „-“ (тире);
се состои од најмалку 2 (два) до најмногу 63 (шеесет и три) знаци, а првиот и последниот знак не можат да бидат знакот „-“ (тире);
не е дозволено последователно да се појавуваат два знаци „-“ (тире);
по исклучок од ставот 2, името на доменот .mk може да се состои и од најмалку 1 (еден) знак во случај на заштитена трговска марка, заштитен жиг, име или бренд.