UNET успешно го реализираше проектот за изработка и имплементација на новиот веб портал на Економија и Бизнис, кој официјално беше пуштен во употреба.
Новиот портал е дизајниран со модерен и прегледен изглед, оптимизиран за користење на сите уреди – компјутери, таблети и мобилни телефони. Платформата овозможува поефикасно објавување и организирање на содржините, подобра навигација за читателите и побрз пристап до актуелните информации од областа на економијата, бизнисот и анализите.
Во рамки на проектот беше извршена и комплетна миграција на постојната содржина од претходниот портал, со што е обезбедена континуирана достапност на сите објавени текстови, анализи и архивски материјали.
Со новото веб решение, порталот добива современа дигитална платформа која овозможува поефикасна комуникација со читателите и подобра презентација на содржините Имплементирана е и онлајн претплата за пристап до ексклузивни содржини, со што читателите можат на едноставен начин да станат дел од заедницата на читатели на „Економија и Бизнис“.